Samsung AR18FSFPDGMNEU ユーザーズマニュアル

ページ / 25
24
Проблеми
Следи ја следнава табела доколку клима уредот не работи нормално. Ова може 
да Ви сочува време и непотребен трошок.
ПРОБЛЕМ
РЕШЕНИЕ
Клима уредот 
воопшто не работи.
•   Проверете дали е вклучен и тогаш обидете се повторно да го
користите клима уредот.
•   Вклучете го во или променете го автоматскиот прекинувач и тогаш
обидете се да го користите клима уредот повторно.
•   Проверете дали сте го нагодиле Off Timer (Исклучи тајмер).
Користете го клима уредот повторно со притискање на копчето 
Power (Вклучи).
Нагодувањето на 
температурата не 
работи.
•   Проверете дали сте ја одбрале опцијата Fan (Вентилатор) / Turbo
(Турбо). Во овии опции, посакуваната температура е наместена 
автоматски и не можете да ја нагодите температурата.
Не доаѓа ладен/
топол воздух од 
клима уредот.
•   Проверете дали наместената температура е повисока (за време на
опцијата за ладење)/пониска (за време на опцијата за греење) од 
точната температура. Притиснете на копчето Temp (Температура) 
+ или -  на далечинскиот управувач за промена на температурата.
•   Проверете дали филтерот за воздух го блокира правот. Доколку
има многу прав насобран на филтерот за воздух, опцијата за 
ладење (греење) ќе се намали. Чистете ги често.
•   Проверете излезната единица да не е покриена или инсталирана
близу пречка. Отстранте го тоа што ја покрива и отстранете ја 
пречката.
•   Доколку саката да го користите клима уредот за време на сончева
светлина, покријте ја излезната единица со помош на завеси или 
итн.
•   Проверете клима уредот да не работи во опцијата De-ice
(одмрзнување) Кога се формира мраз во зима или надворешната 
температура е премногу ниска, клима уредот работи 
автоматски во опцијата De-ice (одмрзнување). Во опцијата De-ice 
(одмрзнување), внатрешниот вентилатор престанува да работи и 
ладниот воздух не излегува. 
•   Доколку вратите или прозорците се отворени, може да се
предизвика лошо ладење (греење).  
Затворете ги вратите и прозорците.
•   Проверете дали клима уредот бил неодамна вклучен по
запирањето на ладењето (греењто). Во тој случај, ќе се вклучи 
само вентилатор кој ќе ја заштити компресорот на излезната 
единица.
•   Проверете должината на цевката да не е премногу долга. Кога
должината на цевката го надминува дозволениот максимум за 
должина, ладењето (греењето) е намелено.
Maldive EU_AR09FSFP@_IB_DB68-03365A_MK.indd   24
2012-11-6   19:52:52