LG LGV935 사용자 가이드

다운로드
페이지 509
16
17
Важно известување
4.  Отворање и префрлување меѓу апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно; можете 
истовремено да извршувате повеќе од една апликација. Нема потреба 
да затворите одредена апликација пред да отворите друга. Користете 
повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу нив. Android 
управува со сите апликации, запирајќи и активирајќи ги според 
потребите за да се спречи непотребно трошење на ресурсите од 
страна на неактивните апликации.
1  
Допрете  . Ќе се прикаже преглед на неодамна користените 
апликации.
2  
Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова 
нема да се прекине претходната апликација која ќе се извршува 
во заднината. Не заборавајте да допрете   за да излезете од 
апликацијата откако ќе престанете да ја користите.
• За затворање на апликација од листата на последни користени 
апликации, повлечете го прегледот на апликацијата налево или 
надесно. За да ги избришете сите апликации, допрете Избриши 
сè
5. Доколку екранот се "замрзне"
Ако екранот се "замрзне" или уредот не реагира кога се обидувате да 
ракувате со него:
За да го ресетирате уредот, притиснете и задржете на копчето за 
напојување/заклучување и копчето за намалување на јачина на 
звук во траење од 9 секунди. За да го исклучите уредот, притиснете 
и задржете на копчето за напојување/заклучување и копчето за 
намалување на јачина на звук во траење од 15 секунди. Ако уредот 
сè уште не работи, обратете се до центарот за услуги.