LG Leon LTE 사용자 가이드

다운로드
페이지 516
26
Запознавање со вашиот телефон
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Немојте да ја отстранувате мемориска картичка кога уредот пренесува или
пристапува до информации. Во спротивно, може да дојде до губење или
оштетување на податоците или оштетување на мемориската картичка или
уредот. Компанијата не презема одговорност за загубата која произлегува
од неправилната употреба на оштетени мемориски картички, вклучувајќи го
губењето на податоците.
Заклучување и отклучување на уредот
Копчето за напојување/заклучување го исклучува екранот и го
става уредот во режимот на заклучување. Уредот автоматски се
заклучува доколку не се користи одреден временски период. Ова
помага да се спречат случајните допирања и да се зачува енергијата
на батеријата.
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување и повлечете по екранот во која било насока.
ЗАБЕЛЕШКА: Двојното допирање на екранот исто така може да го активира
екранот наместо копчето за напојување/заклучување.
Промена на методот за заклучување на екранот
Можете да го промените начинот на кој го заклучувате екранот за да
спречите туѓ пристап до вашите лични информации.
1  
Допрете   >   >
> картичката Екран > Заклучен екран >
Одберете заклучување на екран.
2  
Изберете го саканото заклучување на екран од опциите Ништо,
Удри, Knock Code, Облик, PIN или Лозинка.