LG H650E 사용자 가이드
Поставки
89
88
•
Пишувањето лозинка е видливо – Овозможете за
прикажување на секој знак од лозинката додека внесувате, за
да можете да видите што внесувате.
•
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на
администраторите на телефонот.
•
Непознати извори – Овозможување на инсталирање на
апликации кои не се од Play Store.
•
Верификувај апликации – Оневозможување или
предупредување пред инсталирање на апликациите кои може
да бидат опасни.
•
Тип на меморија – Приказ на тековниот тип на меморија.
•
Управување со сертификати – Ви озовможува да управувате
со вашите сертификати за сигурност.
•
Trust agents – Изберете апликации кои ќе се користат без
отклучување на екранот.
•
Истакни екран – Со истакнувањето на екран можете да му
овозможите на вашиот уред да прикажува само екран од
одредена апликација.
•
Апликации со пристап за користење –Ви овозможува
да имате преглед врз информациите за користењето на
апликациите на телефонот.
Датум и време
Поставете го начинот на кој ќе се прикажуваат датумот и времето.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Датум и
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Датум и
време.
Меморија
Можете да ја надгледувате искористената и достапната внатрешна
меморија на уредот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Меморија.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Меморија.
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
•
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и
достапниот простор на меморијата на вашиот телефон со текст
и со графикон со лента во боја (неискористениот простор е
сив). Апликациите и соодветниот простор кој го заземаат е
наведен под секој корисник на уредот.
SD КАРТИЧКА
•
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и
преостанатиот достапен простор на мемориската картичка.
•
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ви дозволува да ја
овозможите или оневозможите вашата SD картичка.
•
Избриши SD картичка – Ви овозможува да ги избришете сите
податоци на вашата SD картичка.
Штедење на батерија и енергија
Ги прикажува моменталниот статус на батеријата вклучувајќи го
процентот на преостанатата енергија и статусот на полнење.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на
батерија и енергија.
•
Употреба на батерија – Го прикажува нивото на користење
на батеријата и деталите за користењето. Допрете еден од
елементите за да погледнете подетални информации.
•
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте
за приказ на процентот на наполнетост на батеријата, на
статусната лента покрај иконата за батерија.
•
Заштеда на Енергија – Допрете го преклопникот за заштеда
на енергија за да го вклучите или исклучите. Поставување на
процентот на наполнетост на батеријата при кој автоматски ќе
се вклучи Заштеда на енергија.