LG D373EU 사용자 설명서
67
Поставување на аларм
1
Притиснете
>
> картичката Апликации > Аларм/Часовник >
.
2
Откако ќе го поставите алармот, телефонот ќе ве извести уште колку време останува
до вклучување на алармот.
3
Поставете Повторување, Траење на одложувањето, Вибрација, Тон на аларм,
Јачина на звук на аларм, Автоматски старт на апликација, Заклуч. со загатка и
Белешки.
4
Допрете Зачувај.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ги промените поставките за аларм, на екранот со листата на аларми,
допрете го копчето Мени
и изберете Поставки.
Користење на калкулаторот
1
Притиснете
>
> картичката Апликации > Калкулатор.
2
Допрете ги нумеричките копчиња за да внесете броеви.
3
За едноставни пресметки, допрете ја функцијата која сакате да ја извршите (+, –, x или
÷) проследена со =.
4
За посложени пресметки, допрете
, и изберете Калкулатор со научни
пресметки, потоа изберете sin, cos, tan, log итн.
5
За да ја проверите историјата, допрете
и изберете Историја на пресметки.
Додавање на настан во вашиот календар
1
Притиснете
>
> картичката Апликации > Календар.
2
На екранот, ќе најдете различни видови на приказ за календарот (ден, недела, месец,
година, агенда).
3
Допрете го датумот на кој сакате да додадете настан и допрете
.
4
Допрете Име на настан и внесете го името на настанот.
5
Допрете Локација и внесете ја локацијата. Означете го датумот и внесете го времето
во кое сакате настанот да започне и заврши.
6
Ако сакате да додадете забелешка за вашиот настан, допрете Поврзи забелешка и
изберете ја зачуваната слика од тетратката. (Достапно само за календарот на телефонот)
Услужни програми