LG V935 사용자 가이드

다운로드
페이지 509
82
83
Поставки
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе се 
прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот екран 
кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Изберете го саканиот 
тип на ефектот кој ќе се прикаже кога брзо ќе повлечете од една 
слика на почетниот екран кон наредната.
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот екран.
Заклучен екран
Одберете заклучување на екран – Ви овозможува да поставите 
заклучување на екранот за поголема безбедност на уредот.
Smart Lock – Го одржува вашиот уред отклучен кога е поврзан 
Bluetooth уред на кој му верувате, кога е во позната локација како 
вашиот дом, кога го препознава вашето лице или глас или при 
откривањето контакт со корисникот.
Ефект на екран – Го поставува ефектот кога ќе поминете со прстот 
преку заклучениот екран.
Слика за заднина – Изберете ја заднината која ќе се прикаже на 
заклучениот екран.
Кратенки – Прилагодете ги кратенките на заклучениот екран.
Анимација за време – Овозможете ја за приказ на анимација за 
време за тековната локација на заклучениот екран.
Информација за контакт за загубен таблет – Ви овозможува 
приказ на информации за сопственикот на заклучениот екран во 
случај да се загуби уредот.
Мерач на време за заклучување – Ви овозможува да го 
поставите времето пред екранот автоматски да се заклучи откако 
ќе измине зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте 
за моментално заклучување на екранот при притиснување на 
копчето за напојување/заклучување.