Bosch HBC 84 H 501 사용자 설명서

다운로드
페이지 72
13
Заштита за деца
За да печката ненамерно не ја вклучат деца, таа има заштита 
за деца.
Печката не реагира на поставките. Алармот и часовникот 
можете да го поставите и при вклучена заштита за деца.
Вклучување на безбедноста на деца
Предуслов: Не смее да има поставено времетраење, а бирачот 
на функции се наоѓа во нулта позиција.
Притискајте го копчето 
@
 околу четири секунди.
На приказот се појавува ознаката 
@
. Безбедноста за деца е 
вклучена.
Исклучување на безбедноста за деца
Притискајте го копчето 
@
 околу четири секунди.
На приказот се гаси ознаката 
@
. Безбедноста за деца е 
исклучена.
Заштита за деца при автоматска програма
Кога има поставено автоматска програма, заштитата за деца 
не функционира.
Промена на основните поставки
Вашиот уред има различни основни поставки, кои во секое 
време можете да ги промените.
Основни поставки
Во табелата ќе ги најдете сите основни поставки и опции за 
промени.
Предуслов: Вашиот уред е исклучен.
1. Копчето 
0
 држете го притиснато неколку секунди.
На екранот ќе се појави првата основна поставка.
2. Со копчето 
@
 или 
A
 променете ја основната поставка.
3. Потврдете со копчето 
0
.
На екранот ќе се појави следната основна поставка. Со 
копчето 
0
 можете да ги поминете сите основни поставки и 
да ги промените со копчето 
@
 или 
A
.
4. На крајот, копчето 
0
 држете го притиснато неколку секунди.
Сите поставки се преземени.
Вашите поставки можете да ги промените во секое време.
Одржување  и чистење
Со грижливо одржување и чистење вашата микробранова 
печка подолго ќе остане функционална и неоштетена. Како 
правилно да го одржувате и чистите вашиот  уред, ќе ви 
објасниме овде.
Опасност од струен удар!
Влагата што навлегла може да предизвика струен удар. Не 
користете средство за чистење под висок притисок или на 
пареа.
Опасност од изгореници!
Не го чистете уредот веднаш по исклучувањето. Оставете го 
уредот да се олади. 
Опасност од здравствени оштетувања!
Доколку е оштетена вратата од комората за готвење или 
дихтунгот на вратата може да излезе микробрановата енергија. 
Не го користете уредот, доколку е оштетена вратата од 
комората за готвење или дихтунгот на вратата. Повикајте ја 
сервисната служба.
Напомени
Како резултат од различни материјали, како што се стакло, 
пластика или метал, се јавуваат мали разлики во бојата на 
предниот дел од уредот.
Сенките на стаклото од вратата, кои изгледаат како дамки, 
се одрази на светлината од лампата на печката.
Непријатните мириси, како на пр. оние што се јавуваат по 
подготвување на риба, можете да ги отстраните мошне 
лесно. Во чаша вода, ставете неколку капки сок од лимон. Во 
садот ставете и една лажица, за да се избегне намалување 
на температурата. Затоплувајте ја водата 1 до 2 минути, со 
максимална микробранова моќност.
Основна поставка
Опции
Објаснување
™‚
Индикатор за часовникот
 
 = вклучено
Индикатор за часовникот
 
ƒ
= исклучено
Приказ на часовникот
™ƒ
Времетраење на сигналниот тон
 
ƒ
 = среден = 2 минути
 = краток = 10 секунди
 
 = долг = 5 минути
Сигнал по истекувањето на времетраењето
™„
Јачина на сигналниот тон
 
ƒ
 = среден
‚ 
 = тивок
 
 = гласен
Јачина на сигналот
™…
Време на чекање
 
ƒ
 = среден = 5 секунди
 = краток = 2 секунди
 
 = долг = 10 секунди
Време на чекање меѓу одделните чекори, по 
поставувањето