Samsung 12 kg pračka s Crystal Blue dvířky WW12H8400EW Série WW8000 사용자 설명서

다운로드
페이지 664
Македонски - 12
Потребни услови за инсталирање
Довод на електрична струја и заземјување
•  Потребен е AC 220-240 V / 50 Hz осигурувач или прекинувач на електрично коло
•  Користете одделна гранка од електрично коло наменета за машината за перење
Со цел да обезбедите соодветно заземјување, машината за перење се испорачува со кабел за напојување со заземјен 
приклучок со три елементи, за вметнување во правилно инсталиран и заземјен електричен приклучок.
Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер доколку не сте сигурни во врска со заземјувањето. 
Не вршете промени на испорачаниот приклучок. Доколку не може да се вметне во електричниот приклучок, повикајте 
квалификуван електричар за да инсталира соодветен електричен приклучок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•  НЕ користете продолжителен кабел.
•  Користете го само кабелот за напојување кој се испорачува со машината за перење.
•  Не поврзувајте ги жиците за заземјување на пластична водоводна инсталација, цевки за гас или цевки за 
топла вода.
•  Неправилното поврзување на проводниците за заземјување може да предизвика електричен удар.
Довод на вода
Соодветниот притисок на вода за оваа машина за перење се движи од 50 kPa до 800 kPa. Притисокот на вода кој е 
помал од 50 kPa може да го спречи целосното затворање на вентилите за вода. Или, пак, може да биде потребно 
повеќе време за полнење на барабанот, поради што машината за перење ќе се исклучи. Славините за вода мора да 
бидат најмногу 120 cm оддалечени од задниот дел на машината за перење, за да може испорачаните црева за довод 
на вода да стигнат до машината за перење.
За да го намалите ризикот од истекување на вода
•  Проверете дали славините за вода се лесно достапни.
•  Затворете ги славините за вода кога машината за перење не се користи.
•  Редовно проверувајте дали протекува вода на спојните места на цревата за довод.
ВНИМАНИЕ
Проверете дали има протекување кај сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото 
користење на вашата машина за перење.
Untitled-12   12
5/24/2016   3:50:00 PM