Samsung 12 kg pračka s Crystal Blue dvířky WW12H8400EW Série WW8000 사용자 설명서

다운로드
페이지 664
Македонски - 20
Напатствија за перење
ЧЕКОР 1 - Сортирање
Сортирајте ја облеката според следните критериуми:
•  Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•  Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.
•  Големина: Мешањето на облека со различна големина ги подобрува перформансите на машината за перење.
•  Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно со користење на 
опцијата за лесно пеглање. Проверете ги ознаките на облеката.
Не заборавајте да ја погледнете ознаката за грижа на облеката и сортирајте ги соодветно, пред да започнете со 
перењето.
ЧЕКОР 2 - Испразнете ги џебовите
Испразнете ги сите џебови од вашата облека
•  Металните предмети како парички, игли и токи на облеката можат да ја оштетат другата облека што ја перете, а 
исто така и барабанот.
Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез
•  Ако патентите на панталоните или јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. 
Патентите треба да бидат затворени и обложени со лента.
•  Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете лентите пред да 
започнете со перењето.
ЧЕКОР 3 - Користете мрежа за перење
•  Градниците (што можат да се перат) мора да бидат ставени во мрежа за перење. Металните делови од градниците 
може да го пробијат материјалот и да ги исцепат другите алишта.
•  Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете 
ги во мала мрежа за перење.
•  Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика абнормални вибрации 
кои можат да ја поместат машината за перење и да предизвикаат повреди.
Чекор 4 - Предперење (доколку е потребно)
Изберете ја опцијата предперење за избраниот циклус доколку алиштата се многу валкани. Не ја користете опцијата 
предперење кога рачно ставате детергент во барабанот.
Untitled-12   20
5/24/2016   3:50:03 PM