LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 572
31
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот телефон.
Допир или притискање – Со допир од еден прст избирате предмети, 
линкови, кратенки и букви на тастатурата на екранот.
Допир и задржување – Допрете и задржете икона на екранот преку 
допирање и неподигнување на прстот додека не се случи одредено дејство. 
На пример, за отворање на достапните опции за контакт, допрете и задржете 
на контактот во листата на контакти додека не се отвори контекст-менито.
Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент за момент 
и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го по екранот додека не ја 
достигнете целната позиција. Можете да повлекувате елементи на почетниот 
екран за да ги преместите.
Повлечи или лизгај – За да повлечете или лизгате, брзо движете го вашиот 
прст по површината на екранот, без паузирање кога прв пат ќе го допрете 
(така што не влечете икона наместо тоа). На пример, можете да го лизгате 
екранот нагоре или надолу за да скролувате низ листата или да пребарувате 
преку различни почетни екрани влечејќи од лево кон десно (и обратно).
Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или мапа. На 
пример, брзо допрете двапати на дел од веб-страница за да го прилагодите 
тој дел да ја исполни широчината на екранот. Исто така, можете да притиснете 
два пати за да зумирате и одзумирате кога гледате слика и кога користите 
Мапи.
Вашиот почетен екран