LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 572
58
Избор на звук на бленда.
Одберете кое дејство да се изврши при притискање на копчињата за 
јачина на звукот. Одберете од Сними или Зумирање.
Одберете ја локацијата каде што сакате да се зачуваат сликите.
Допрете го ова секогаш кога ќе сакате да знаете како одредена 
функција работи. Оваа икона ќе ви обезбеди водич за брза помош.
Вратете ги сите подесувања на камерата назад на стандардот.
СОВЕТ!
Кога излегувате од фотоапаратот, одредени поставки ќе се вратат 
на нивните зададени вредности, како балансот на белата боја, тонот 
на бојата, тајмерот и режимот на сцени. Направете проверка пред 
снимање на наредната фотографија.
Менито Поставки е поставено преку визирот, така што при промена 
на елементи на бојата или квалитетот на фотографијата, вие ќе ја 
видите промената на екранот зад менито Поставки.
Брзо фотографирање 
Отворете ја апликацијата Фотоапарат.
Држејќи го телефонот хоризонтално, насочете го објективот кон објектот 
што сакате да го фотографирате.
Допрете   за да фотографирате.
Откако ќе снимите фотографија
Допрете го прегледот на фотографијата на дното на екранот за да ја видите 
последната фотографија што сте ја направиле. Изберете за да ја видите 
фотографијата во Галерија.