LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 572
100
ЗАБЕЛЕШКА: LG интегриран USB драјвер
LG интегриран USB драјвер е потребен за да се поврзе LG уред 
со компјутер и се инсталира автоматски кога ја инсталирате 
компјутерската софтвер апликација „LG PC Suite".
Синхронизирање на вашиот уред со компјутер
Податоците од вашиот уред може лесно да се синхронизираат со PC со помош 
на "LG PC Suite" PC софтверот, заради поголема практичност при користењето. 
Може да се синхронизираат контакти, распореди и означени страници.
Постапката е следната:
Поврзете го вашиот уред со PC. (Употребете USB кабел или Wi-Fi врска.)
Ќе се појави Изберете метод за USB-врска, а потоа одбери LG софтвер.
По поврзувањето, активирајте ја програмата и изберете го делот за уреди 
од категориите на левата страна од екранот.
Кликнете Personal information (Лични информации) за да извршите избор.
Селектирајте ги содржините кои треба да се синхронизираат и кликнете го 
копчето Sync (Синхронизација).
ЗАБЕЛЕШКА: За да го синхронизирате вашиот телефон со компјутер, 
треба да инсталирате LG PC Suite на вашиот компјутер. Ве молиме 
погледнете на претходните страници околу инсталирањето на LG PC 
Suite.