LG D295 Manual Do Utilizador

Página de 500
38
Поврзување со мрежи и уреди
За да ја споделите податочната врска од вашиот мобилен телефон како пренослива 
Wi-Fi “жешка точка”
1  
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Мрежи > 
Делење и мрежи > поставете Wi-Fi “жешка точка” за да извршите активирање. 
2  
Внесете лозинка и допрете Зачувај.
СОВЕТ! Ако на вашиот компјутер се користи Windows 7 или понова верзија на некои 
типови на Linux (како на пр. Ubuntu), обично не треба да го подготвувате вашиот 
компјутер за процесот на делење. Но ако се користи постара верзија на Windows или друг 
оперативен систем, можеби ќе треба да го подготвите вашиот компјутер за воспоставување 
на мрежно поврзување преку USB. За најновите информации околу тоа кои оперативни 
системи поддржуваат USB делење и како треба да се конфигурираат, посетете ја веб-
страницата http://www.android.com/tether.
За да ја преименувате или обезбедите вашата пренослива “жешка точка”
Можете да го промените името на Wi-Fi мрежата (SSID) на вашиот телефон и да ја 
обезбедите неговата Wi-Fi мрежа.
1  
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Мрежи > 
Делење и мрежи > Wi-Fi “жешка точка”.
2  
Допрете Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Ќе се отвори рамката за дијалог Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Можете да го промените SSID на мрежа (име) што го гледаат другите уреди при 
скенирање на Wi-Fi мрежите.
Исто така можете да го допрете менито Безбедност за да ја конфигурирате мрежата 
со Wi-Fi Protected Access 2 (WPA2) сигурност со користење на однапред споделен клуч 
(PSK).
Ако ја допрете опцијата за сигурност WPA2 PSK, во дијалогот Постави Wi-Fi “жешка 
точка” ќе се додаде поле за лозинка. Ако внесете лозинка, истата ќе треба да ја 
внесете кога ќе се поврзувате на “жешката точка” на телефонот од компјутер или 
друг уред. Можете да поставите Отворено во менито Сигурност за да ја отстраните 
сигурноста на вашата Wi-Fi мрежа.
3  
Допрете Зачувај.