LG D295 Manual Do Utilizador

Página de 500
78
Поставки
Блокирај дојдовни повици – Штиклирајте за да овозможите или да блокирате дојдовни 
повици од одредени контакти. 
   Поставки за влезни повици
Автоматски одговори на блокирани повици – Поставете на кој начин сакате 
автоматски да се одговори на повиците за кој е исклучен звукот. 
Дозволи повторени повици – Штиклирајте за да дозволите повик кој се 
повторува во рамки на 3 минути.
Листи на дозволени контакти – Назначете од кои контакти ќе бидат дозволени 
повици.
Помош – Допрете за да погледнете информации за помош на тивок режим.
Тон за ѕвонење – Поставете тон за ѕвонење за повици. Исто така, тон за ѕвонење можете 
да додадете и преку допирање на 
 во горниот десен агол на екранот.
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци за известување. Исто така, 
можете да додадете звуци преку допирање на 
 во горниот десен агол на екранот.
Тон за ѕвонење со вибрации – Штиклирајте за да поставите вибрирање на телефонот 
заедно со тонот за ѕвонење при примање на повици.
Тип на вибрации – Ви овозможува да го изберете типот на вибрации. 
Вибрирање на допир – Штиклирајте за вибрирање кога ги допирате копчињата на допир 
на почетниот екран и при одредени интеракции со корисничкиот интерфејс. 
Звучен ефект – Допрете за да ги поставите тоновите при допирање на копчињата за 
бирање, звуците при допир и звуците за заклучување на екран. 
Тонови при допирање на копчиња за бирање – Штиклирајте за репродукција на 
тонови при употреба на тастатура за бирање. 
Звуци при допир – Штиклирајте за репродукција на звук при избор на екрани.
Звуци на заклучување на екран – Штиклирајте за репродукција на звук при 
заклучување и отклучување на екран.
Известувања за порака/говорен повик – За автоматско читање на дојдовен повик и 
порака.