LG H320 Guia Do Utilizador

Página de 508
79
Поставки
Фотоапарат – Штиклирајте за да означувате фотографии или
видео снимки со нивните локации.
Известување за локација на Google – Ви овозможува да ги
изберете поставките за вашата тековна локација до кои имаат
пристап Google и неговите производи.
Сметки и синхронизација
Користете го менито за поставки на сметки и синхронизација за
додавање, отстранување или управување со Google и другите
поддржани сметки. Овие поставки можете да ги употребите и за
контрола - како и дали сите апликации можат да испраќаат, примаат
и синхронизираат податоци по нивен сопствен распоред и дали сите
апликации можат автоматски да ги синхронизираат корисничките
податоци.
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање
на податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе
детали. Допрете Додади сметка за да додадете нова сметка.
Пристапност
Користете ги поставките за достапност за конфигурирање на
додатоците за олеснување на пристапот кои ги имате инсталирано на
телефонот.
TalkBack – Ви овозможува да поставите Тalkback функција која им
помага на лицата со оштетен вид преку обезбедување на вербални
повратни информации.
Големина на фонт – Поставување на големината на фонтот.
Обратни бои – Штиклирајте за да ги смените боите на екранот и
содржината.
Допрете зум – Ви овозможува да зумирате и одзумирате со тројно
потчукнување на екранот.
Гласовни известувања за порака/повик – Допрете го
преклопникот за Известување за порака/говорен повик за