LG H955 Manual Do Proprietário

Página de 594
88
Поставки
Делење & Мрежи
USB делење – Ви овозможува да ја споделувате интернет врската
со вашиот компјутер преку USB кабел.
Wi-Fi пристапно – Ви овозможува да креирате “жешка точка” и
да ја споделувате вашата врска. Ве молиме прочитајте го делот
повеќе информации.
Bluetooth поврзување – Ви овозможува да се поврзувате на други
уреди преку Bluetooth.
Помош – Прикажува помошни информации во врска со USB
делењето, Wi-Fi “жешките точки” и Bluetooth поврзувањето.
Режим на работа во авион – Режимот на работа во авион (режим
на летање) ви овозможува да користите разни функции на вашиот
телефон, како игри и музика, кога се наоѓате на место каде што
воспоставувањето или примањето повици или користењето на
податоци е забрането. Кога ќе го поставите телефонот во режим
на работа во авион, тој не може да остварува или да прима повици
или да пристапува до онлајн податоци.
Мобилни мрежи – Ова мени ви овозможува да конфигурирате
разни поставки за мобилната мрежа.
VPN – Од вашиот телефон можете да додавате, поставувате
и управувате со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви
овозможуваат да се поврзете и да пристапите до ресурси во
рамките на обезбедена локална мрежа, како на пример вашата
корпоративна мрежа.