LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 596
26
6.  Отворање и префрлување меѓу апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно бидејќи можно е 
истовремено извршување на повеќе од една апликација. Нема потреба да 
затворите одредена апликација пред да отворите друга. Користете повеќе 
отворени апликации и префрлувајте се помеѓу нив. Android управува со сите 
апликации, запирајќи и активирајќи ги според потребите за да се спречи 
непотребно трошење на ресурсите од страна на неактивните апликации.
За запирање на апликации:
На почетниот екран допрете го јазичето 
 > Апликации (ако е потребно) 
Поставки 
 > Апликации > РАБОТИ.
Допрете ја саканата апликација и допрете Стоп за да ја прекинете.
7.  Префрлување на музика, фотографии и видео со 
помош на Медиумско синхронизирање (MTP)
Поврзете го телефонот со вашиот компјутер со помош на USB кабелот што 
го добивте со вашиот телефон.
Ќе се појави листа со USB тип на конекции на екранот на вашиот телефон. 
Допрете ја опцијата Медиумско синхронизирање (MTP).
Одберете ја опцијата Отворете го уредот за да ги видите датотеките 
на вашиот компјутер. Така можете да ги видите медиумските содржини на 
вашиот компјутер и да ги пренесете датотеки.
Ископирајте ги фајловите од вашиот компјутер во фолдерот на драјвот или 
обратно.
Повлечете ја статусната лента надолу и допрете USB е поврзан > Наполни 
го телефонот.
Исклучете го USB кабелот од вашиот телефон.