LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 596
103
< Печатење >
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани (како што 
се веб-страници прикажани во Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi 
мрежа како и вашиот Android уред.
< За телефонот >
Ова мени ви овозможува да управувате со вашите софтверски ажурирања и 
да погледнете разни информации во врска со Вашиот уред.
Име на телефон – Ви овозможува да го промените името на вашиот телефон. 
Ова ќе биде вашето за Bluetooth, Wi-Fi Direct, итн.
Центар за ажурирање – Проверете фи надградбите за апликациите и 
софтверот обезбедени од LG Electronics.
Мрежа – Ви овозможува да ја погледнете мрежата, типот на мрежата и силата, 
состојбата на услугата и IP адресата.
Статус – Ви овозможува да го погледнете вашиот број, MIN, PRL верзија, ESN, 
MEID HEX, MEID DEC.
Батерија – Ви овозможува да го погледнете статусот на батеријата, нивото на 
батеријата и информациите за употребата на батеријата.
Информација за хардвер – Ви овозможува да го погледнете бројот на 
моделот, времето, датумот и кодот на гаранцијата, Wi-Fi MAC адресата и 
Bluetooth адресата.
Информација за софтвер – Ви овозможува да ја погледнете Андроид 
верзијата, baseband верзијата, верзијата на кернелот, бројот на конструкција и 
верзијата на софтверот.
Правни информации – Ви овозможува да го погледнете договорот за 
правата на LG апликациите, лиценците од отворен извор и правните 
информации на Google.