LG LG L40 Manual Do Proprietário

Página de 596
109
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку безжичен пренос 
(OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате софтверот на 
телефонот со понова верзија преку безжична мрежа (OTA), без поврзување со 
USB податочен кабел. Оваа функција ќе биде достапна единствено ако и кога 
LG ќе понуди нова достапна верзија на фирмвер за вашиот уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на вашиот мобилен 
телефон: Поставки > За телефонот > Центар за ажурирање > Ажурирање 
на софтвер > Проверете сега за ажурирање.
ЗАБЕЛЕШКА: Вашите лични податоци од внатрешната телефонска 
меморија - вклучувајќи информации за вашиот Google профил и сите 
други сметки, податоците и поставките на вашиот систем/апликација, 
било кои преземени апликации и вашата DRM лиценца - може да се 
изгубат во процесот на ажурирање на софтверот на вашиот телефон. 
Заради ова, LG препорачува да направите резервна копија на вашите 
лични податоци пред ажурирањето на софтверот на телефонот. LG не 
презема одговорност за каква било загуба на лични податоци.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција зависи од вашиот мрежен обезбедувач на 
услуга, регион и земја.