LG V935 Guia Do Utilizador

Página de 509
84
85
Поставки
< Меморија >
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
Ви овозможува да имате преглед на користењето на внатрешната 
меморија.
SD КАРТИЧКА 
Ви овозможува преглед на информациите за користење на меморијата 
на SD картичката. Допрете Оневозможи SD картичка за да 
овозможите безбедно отстранување на картичката. Ако SD картичката 
не е правилно поставена, но веќе е вметната, допрете Воспостави 
SD картичка. Допрете Избриши SD картичка ако сакате да ги 
избришете сите податоци од SD картичката.
< Штедење на батерија и енергија >
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈА
Информациите за наполнетоста на батеријата се прикажани на 
графикот за батеријата, заедно со процентот на преостанатата 
енергија и статусот.
Употреба на батерија
Го прикажува нивото на користење на батеријата и деталите за 
користењето. Допрете еден од елементите за да погледнете подетални 
информации.
Ниво на батеријата на статусната лента
Штиклирајте за приказ на процентот на наполнетост на батеријата, на 
статусната лента покрај иконата за батерија.
Заштеда на Енергија
Допрете го преклопникот за Заштеда на енергија за префрлување 
помеѓу Вклучено или Исклучено. Исто така, можете да поставите 
кога да се вклучи Заштеда на енергија и дали сакате да ги ограничите 
апликациите кои се извршуваат во заднина.