Zanussi ZWF71243W Manual Do Utilizador

Página de 56
 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Апаратот не смее да биде на дофат на деца помали од 3
години освен ако не се под постојан надзор.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Почитувајте ја максималната количина на полнење од 7
kg (погледнете во поглавјето „Табела со програми“).
Работниот притисок на водата (минимум и максимум)
мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa)
Отворите за вентилација во основата (ако ги има) не
смеат да бидат попречени од килим.
37