Zanussi ZWF71243W Manual Do Utilizador

Página de 56
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
ВОВЕД
Машината не почнува да работи или запира
за време на работата.
Прво, обидете се да најдете решение за
проблемот (погледнете во табелата). Ако не
успеете, контактирајте со Овластен сервисен
центар.
Кај некои проблеми, звучните сигнали
работат и на екранот се прикажува шифра
за тревога:
 - Апаратот не се полни правилно со
вода.
 - Апаратот не ја испушта водата.
 - Вратата на апаратот е отворена
или не е правилно затворена. Проверете ја
вратата!
 - Напојувањето со струја е
нестабилно. Почекајте додека не се
стабилизира напојувањето со струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Исклучете ја
машината пред да ги направите
проверките.
МОЖНИ ДЕФЕКТИ
Проблем
Можно решение
Програмата не почнува
да работи.
• Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во
штекерот.
• Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
• Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата со
осигурувачи.
• Проверете дали е притиснато копчето Старт/Пауза.
• Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја поставката
или почекајте да заврши одбројувањето.
• Доколку е вклучена, исклучете ја функцијата Блокада за
деца (ако е применливо).
Апаратот не се полни
правилно со вода.
• Проверете дали е отворена славината за вода.
• Проверете дали е многу низок притисокот во доводот за
вода. За овие информации, јавете се во локалното
водостопанство.
• Проверете дали е затната славината за вода.
• Проверете да не се затнати филтерот на доводното црево и
филтерот на вентилот. Погледнете во „Нега и чистење“.
• Проверете дали доводното црево е засукано или свиткано.
• Проверете дали е правилно поврзано цревото за довод на
вода.
• Проверете дали цревото за цедење е во правилна положба.
Цревото може да е поставено многу ниско.
52