Samsung 65" Zakrivljeni SUHD TV 65JS9500 Serija 9 Manual Do Utilizador

Página de 197
190
191
 
HDMI (мултимедиски приклучок со висока резолуција)
HDMI нуди можност за пренесување на видео и аудио сигнали преку еден кабел.
 
Динамична наспроти статична IP адреса
Ако за мрежата е потребна динамична IP адреса, користете ADSL модем или рутер кој поддржува 
Dynamic Host Configuration Protocol (DHCP). Модемите и рутерите кои поддржуваат DHCP автоматски 
обезбедуваат вредности за IP адреса, маска на подмрежа, мрежен премин и DNS кои му се потребни 
на телевизорот за да пристапи на интернет, така што не мора рачно да се внесуваат. Повеќето 
домашни мрежи користат динамична IP адреса.
Ако за мрежата е потребна статична IP адреса, внесете ги рачно вредностите за IP адреса, маска на 
подмрежа, мрежен премин и DNS при поставување на мрежната врска. Побарајте ги вредностите за IP 
адреса, маска на подмрежа, мрежен премин и DNS од вашиот оператор на интернет услуги (ISP).
Ако за мрежата е потребна статична IP адреса, користете ADSL модем кој поддржува DHCP. ADSL 
модемите кои поддржуваат DHCP овозможуваат користење и на статични IP адреси.
 
Bluetooth
Bluetooth е протокол за безжична комуникација со краток опсег кој овозможува размена на 
информации помеѓу мобилни телефони, лаптопи и слушалки кои се поврзани со уреди компатибилни 
со Bluetooth. Најчесто се користи за безжични врски со мала потрошувачка на енергија на кратки 
растојанија до 10m.
 
Етернет
Етернет претставува LAN (локална мрежа) која користи коаксијални кабли стандардизирани според 
IEEE.
 
Поврзување преку компонентен приклучок
Компонентните приклучоци најчесто се користат за конзоли за игри, а видео сигналот го делат на 
сигнал за светлина (Y) и два сигнали во боја (Pb и Pr). Приклучокот е означен како [Component IN]_(Pr, 
Pb, Y) на задната страна на телевизорот. Кај некои уреди може да биде означен како Cr, Cb, Y. Cb и Cr 
претставуваат дигитални конвертори на сигналите Pb и Pr.
Приклучоците најчесто се во различна боја - црвена (R), сина (B) и зелена (G) и нудат најдобар можен 
квалитет во групата на аналогни врски.