Samsung RF56J9041SR Manual Do Utilizador

Página de 592
Македонски - 17
БЕЗБЕДНОСНИ
 ИНФОРМАЦИИ
Совети за штедење 
енергија
 - Монтирајте го апаратот во сува 
и добро проветрена просторија 
со соодветна вентилација. 
Погрижете се да не биде 
изложен на директна сончева 
светлина и никогаш не ставајте 
го покрај директен извор на 
топлина (радијатор, на пример).
 - Се препорачува да не ги 
блокирате отворите или 
решетките за вентилација за 
енергетска ефикасност.
 - Секогаш оставете ја топлата 
храна да се излади пред да ја 
ставите во уредот.
 - Ставајте ја замрзнатата храна да 
се одмрзнува во фрижидерот. 
Со тоа ја користите ниската 
температура на замрзнатата 
храна за ладење на храната во 
фрижидерот.
 - Не држете ги вратите на 
апаратот отворени премногу 
долго кога ја ставате или вадите 
храната. 
Колку пократко е отворена 
вратата, толку помалку мраз ќе 
се формира во замрзнувачот.
 - При инсталација обезбедете 
доволно растојание од десната 
и левата страна, како и од назад 
и од горе. 
Со тоа ќе ја намалите 
потрошувачката на електрична 
енергија и ќе ги намалите 
сметките за електрична 
енергија.
 - За најефективна употреба 
на енергија, чувајте ги сите 
внатрешни делови како на 
пр. корпи, фиоки, полици 
во положба предвидена од 
производителот.
Овој уред е наменет за 
употреба во домаќинствата 
и за слични намени како на 
пример
 - кујнски простории за 
персоналот во продавници, 
канцеларии и други работни 
средини;
 - куќи на фарми и од страна на 
клиенти во хотели, мотели и 
други станбени објекти;
 - средини од типот ноќевање со 
појадок;
 - примена во угостителството и 
во други објекти во коишто не 
се врши малопродажба.