Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
5
Решавање на проблеми со поврзувањето на интернет
Ако не можете да се поврзете на интернет, обидете се да најдете решение за тоа.
Решавање на проблеми со жичното поврзување на интернет 
Проб. сега
Откако ќе побарате референтни материјали за следната содржина, побарајте решение за проблемот 
со жичната интернет врска. Ако проблемот не се отстрани, обратете се кај вашиот оператор на 
интернет услуги.
Не е пронајден мрежен кабел
Проверете дали мрежниот кабел е приклучен. Доколку е поврзан, проверете дали рутерот е вклучен. 
Доколку е вклучен, обидете се да го исклучите и повторно да го вклучите.
Неуспешно автоматско поставување на IP адреса
1. 
Направете го следното или конфигурирајте ја функцијата 
IP поставки
 рачно.
2. 
Проверете дали опцијата за DHCP серверот е овозможена на рутерот, а потоа ресетирајте го 
рутерот.
Поврзувањето во мрежа не е можно
1. 
Проверете ги сите 
IP поставки
.
2. 
Откако ќе го промените статусот на DHCP серверот (мора да биде активен) на рутерот, 
отстранете го LAN кабелот и поврзете го повторно.
Успешно поврзување со локалната мрежа, но не и на интернет
1. 
Проверете дали LAN кабелот за интернет е поврзан во надворешниот LAN приклучок на 
рутерот.
2. 
Проверете ги DNS вредностите во функцијата 
IP поставки
.
Поставувањето на мрежата е завршено, но поврзувањето на интернет не е можно
Ако проблемот не се отстрани, обратете се кај вашиот оператор на интернет услуги.