Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
87
Инсталирање брава против кражба
 
Бравата против кражба е физички уред кој може да се користи за заштита на телевизорот од 
кражби. Побарајте го отворот за заклучување на задната страна од телевизорот. Отворот има 
икона   покрај него. За користење на бравата, замотајте го кабелот за заклучување околу 
некој предмет кој е премногу тежок за носење, а потоа протнете го низ отворот за брава на 
телевизорот. Бравата се продава одделно.
 
Начинот за користење на бравата против кражби може да биде различен во зависност од 
моделот на телевизорот. Погледнете го прирачникот за бравата против кражби за да дознаете 
повеќе информации.
 
"
Оваа функција е достапна само кај одредени модели во специфични географски области.
Прочитајте пред да поставите безжична интернет врска
Мерки на претпазливост за безжичен интернет
 
Овој телевизор ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g/n/ac. Samsung 
препорачува користење на IEEE 802.11n. Видео фајловите кои се складирани во уредот што е 
поврзан со телевизорот преку домашната мрежа може да не се репродуцираат рамномерно.
 
" Протоколот за комуникација IEEE 802.11 ac не е достапен кај одредени модели.
 
За да користите безжичен интернет, телевизорот мора да биде поврзан со безжичен рутер 
или модем. Ако безжичниот рутер поддржува DHCP, телевизорот може да користи DHCP или 
статична IP адреса за да се поврзе на безжичната мрежа.
 
Изберете канал што не се користи во моментот за безжичниот рутер. Доколку избраниот канал 
за безжичниот рутер во моментот го користи друг уред, тоа најчесто резултира со пречки и/или 
неуспешна комуникација.
 
Повеќето безжични мрежи имаат дополнителен безбедносен систем. За активирање на 
безбедносниот систем на безжичната мрежа, треба да создадете лозинка составена од знаци 
и броеви. Подоцна оваа лозинка ќе биде потребна за поврзување на пристапна точка со 
активиран режим на безбедност.
Безбедносни протоколи за безжична мрежа
 
Телевизор ги поддржува само следните безбедносни протоколи за безжична мрежа.
 
Режими за автентикација: WEP, WPAPSK, WPA2PSK
 
Видови на шифрирање: WEP, TKIP, AES
 
Во согласност со новите сертификати за спецификации на Wi-Fi, телевизорите на Samsung не 
поддржуваат WEP или TKIP шифрирање во мрежи кои работат во режимот 802.11n.
 
Ако безжичниот рутер поддржува WPS (Wi-Fi Protected Setup), можете да се поврзете на вашата 
мрежа со користење на PBC (Push Button Configuration) или PIN (Personal Identification Number). 
WPS автоматски ги конфигурира SSID и WPA клучот.
 
Телевизорот не може да се поврзе со безжични рутери без сертификат.