Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manual Do Utilizador

Página de 852
Македонски 21 
Безбедносни информации
Совети за штедење енергија
•  Монтирајте го апаратот во сува и добро проветрена просторија со соодветна 
вентилација. Погрижете се да не биде изложен на директна сончева светлина и 
никогаш не ставајте го покрај директен извор на топлина (радијатор, на пример).
•  Се препорачува да не ги блокирате отворите или решетките за вентилација за 
енергетска ефикасност.
•  Секогаш оставете ја топлата храна да се излади пред да ја ставите во уредот.
•  Ставајте ја замрзнатата храна да се одмрзнува во фрижидерот. Со тоа ја 
користите ниската температура на замрзнатата храна за ладење на храната во 
фрижидерот.
•  Не држете ги вратите на фрижидерот отворени премногу долго кога ја ставате 
или вадите храната. Колку пократко е отворена вратата, толку помалку ќе има 
натрупување на мраз во замрзнувачот.
•  Се препорачува да го инсталирате фрижидерот со растојание од задниот дел и 
страните. Со тоа ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија и ќе ги 
намалите сметките за електрична енергија.
•  За најефективна употреба на енергија, чувајте ги сите внатрешни делови како на 
пр. корпи, фиоки, полици во положба предвидена од производителот.
Овој уред е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени 
како на пример
•  кујнски простории за персоналот во продавници, канцеларии и други работни 
средини;
•  куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други станбени објекти;
•  средини од типот ноќевање со појадок;
•  примена во угостителството и во други објекти во коишто не се врши 
малопродажба.
Untitled-42   21
2016-08-30     5:28:24