Samsung SM-T700 Manual Do Utilizador

Página de 193
Додаток
191
Не се воспоставува врска кога го поврзувате уредот со компјутер
• 
Осигурете се дека USB-кабелот што го користите е компатибилен со Вашиот уред.
• 
Осигурете се дека го имате инсталирано правилниот драјвер на Вашиот компјутер и дека 
го имате ажурирано.
• 
Ако сте корисник на Windows XP, обезбедете дека на Вашиот компјутер сте инсталирале 
Windows XP Service Pack 3 или понова верзија.
• 
Осигурете се дека на Вашиот компјутер сте инсталирале Samsung Kies или Windows 
Media Player 10 или понова верзија.
Вашиот уред не може да ја пронајде Вашата моментална 
локација
Сигналите на GPS може да се попречени во некои локации како на пример во затворен 
простор. Поставете уредот да користи Wi-Fi или мобилна мрежа за пронаоѓање на Вашата 
локација во вакви ситуации.
Загубени се податоци зачувани на уредот
Секогаш правете резервни копии на сите важни податоци зачувани во уредот. Во спротивно, 
нема да може да ги вратите податоците ако дојде до нивна загуба или оштетување. Samsung 
не е одговорен за губењето какви било податоци зачувани во уредот.
Се појавува мала празнина околу надворешноста на уредот
• 
Оваа празнина е неопходна производна одлика и може да дојде до одредени мали 
протресувања или вибрации на некои делови.
• 
Со тек на време, триењето помеѓу деловите може да предизвика оваа празнина малку 
да се прошири.