Инструкции Пользователя для LG LG L40

Скачать
Страница из 572
63
Гледање на зачуваните видео снимки
Во визирот, допрете го прегледот на сликата на дното на екранот.
Вашата галерија ќе се прикаже на екранот.
Допрете на видео запис за автоматско репродуцирање.
Прилагодување на јачината на звукот при гледање видео
За прилагодување на јачината на звукот на видео снимката при репродукција, 
користете ги копчињата за јачина на звук на левата страна од телефонот.
Галерија
Можете да ги чувате мултимедијалните датотеки во внатрешната и 
надворешната меморија за лесен пристап до сите ваши мултимедијални 
датотеки. Со помош на оваа апликација можете да прикажувате 
мултимедијални фајлови како слики и видео записи.
На почетниот екран допрете го јазичето 
 > Апликации (ако е потребно) 
Галерија 
.
ЗАБЕЛЕШКА: 
Одредени формати на фајлови не се поддржани во зависност од 
софтверот кој е инсталиран на уредот.
Некои фајлови можно е да не се репродуцираат правилно, во 
зависност од тоа како се кодирани.
Прегледување на слики
Отворете ја Галеријата за да ги прикажете вашите достапни албуми. Кога 
некоја друга апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика, автоматски 
ќе се креира фолдер за превземање во кој ќе биде сместена сликата. Исто 
така, ако направите снимка на екранот, автоматски се креира фолдер Снимки 
на екран. Изберете фолдер за да го отворите.