Инструкции Пользователя для LG H955

Скачать
Страница из 594
73
Мултимедија
Допрете за да скокнете на наредната песна од албумот,
листата за репродукција или мешаната листа. Допрете и
задржете за премотување нанапред.
Допрете за репродуцирање од почеток на тековната
песна или за да скокнете на претходната песна од албумот,
листата за репродукција или мешаната листа. Допрете и
задржете за премотување наназад.
Допрете за да ја прилагодите јачината на звукот.
Допрете за да поставите аудио ефекти.
Допрете за репродукција на тековната листа во режим
на мешана репродукција (песните се репродуцираат по
случаен редослед).
Допрете за префрлување помеѓу режимите за повторување
на сите песни, повторување на тековната песна или за
исклучување на повторувањето.
Допрете за да ја споделите вашата музика со помош на
функцијата SmartShare.
Допрете за да ја додадете песната во вашите омилени.
Допрете за да ја отворите тековната листа за репродукција.
Допрете за да пристапите до дополнителните опции.
За промена на јачината на звукот на музиката, притиснете ги
копчињата за зголемување и намалување на јачината на звукот на
задната страна од телефонот.