Инструкции Пользователя для LG H955

Скачать
Страница из 594
108
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирања на софтверот преку безжичен пренос (OTA) за вашиот LG
телефон
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате софтверот
на телефонот со понова верзија преку безжична мрежа (OTA), без
поврзување со USB кабел. Оваа функција ќе биде достапна единствено
ако и кога LG ќе понуди нова достапна верзија на firmware за вашиот
уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на мобилниот
телефон: Поставки > картичката Општо > За телефонот > Центар 
за ажурирање > Ажурирање на софтвер > Проверете сега за 
ажурирање.
ЗАБЕЛЕШКА: Вашите лични податоци зачувани на внатрешната меморија на
телефонот— вклучувајќи ги и информациите за вашата Google сметка и сите
други сметки, вашите системски/апликациски податоци и поставки, како и
сите преземени апликации и вашата DRM лиценца — може да се изгубат
при процесот на ажурирање на софтверот на телефонот. Заради ова, LG
препорачува да направите резервна копија на вашите лични податоци пред
ажурирањето на софтверот на телефонот. LG не презема одговорност за
каква било загуба на лични податоци.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција зависи од вашиот мрежен оператор, регионот
и земјата.