Руководство Пользователя для LG LGV935

Скачать
Страница из 509
4
5
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
• Иако може да има разлики меѓу ЅАR нивоата на различни LG 
модели на уреди, сите тие се дизајнирани за да ги задоволат 
релевантните упатства за изложеност на радио бранови. 
• Ограничувањето на SAR препорачано од страна на Меѓународната 
комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 
просечно 2 W/kg на 10 g ткиво.
• Највисоката SAR вредност за овој уред кога се носи на телото, како 
што е опишано во упатството, е 1,140 W/kg.
• Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при 
поставување најмалку на 0 см оддалеченост од телото. Кога за 
носење на телото се користи футрола, спојувалка за каиш или 
држач, тие не треба да содржат метал и треба да го постават 
производот најмалку 0 см оддалечен од вашето тело. 
За да пренесува податочни фајлови или пораки, на овој уред 
му е потребна квалитетна врска со мрежата. Во некои случаи, 
пренесувањето на податочни фајлови или пораки може да 
биде одложено додека не се воспостави такво поврзување. 
Придржувајте се до горните инструкции во однос на растојанието 
сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
• Користете единствено оригинални LG батерии, полначи и 
дополнителна опрема кои се одобрени за употреба со овој 
конкретен модел на уред. Користењето на кои било други видови 
може да поништи секаква потврда или гаранција која важи за 
уредот, а исто така може да биде и опасно.
• Достапната дополнителна опрема може да се разликува во 
зависност од регионот, земјата или обезбедувачот на услуги.