Руководство Пользователя для LG LGV935

Скачать
Страница из 509
88
89
Поставки
Тип на меморија
Го прикажува типот на меморија за сертификатите.
Управување со сертификати
Ви овозможува да прикажете доверливи CA сертификати, да 
инсталирате сертификати од меморијата и да ги отстраните сите 
сертификати.
Trust agents
Изберете апликации кои ќе се користат без отклучување на екранот.
Истакни екран
Оваа функција ви овозможува да го заклучувате вашиот уред, така 
што тековниот корисник ќе може да пристапи само на истакнатата 
апликација. Ова е корисно за корисници кои имаат деца.
Апликации со пристап за користење
Им овозможува на апликациите да имаат преглед врз информациите 
за користењето на апликациите на уредот.
< Сметки и синхронизација >
Користете го менито за поставки на сметки и синхронизација за 
додавање, отстранување или управување со Google и другите 
поддржани сметки. Овие поставки можете да ги употребите и за 
контрола - како и дали сите апликации можат да испраќаат, примаат 
и синхронизираат податоци по нивен сопствен распоред и дали сите 
апликации можат автоматски да ги синхронизираат корисничките 
податоци. 
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и 
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање 
на податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе 
детали. Допрете Додади сметка за да додадете нова сметка.