Справочник Пользователя для LG D373EU

Скачать
Страница из 496
81
SD КАРТИЧКА – Проверете го вкупниот достапен простор на SD картичката. Допрете 
Оневозможи SD картичка заради сигурно отстранување. Ако сакате да ги избришете 
сите податоци од SD картичката, изберете Избриши SD картичка.
< Батерија >
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈА
Информациите за наполнетоста на батеријата се прикажани на графикот за батеријата, 
заедно со процентот на преостанатата енергија и статусот.  
Допрете ја иконата за полнење на батеријата за приказ на екранот за употреба на 
батеријата, со цел да го погледнете нивото на користење на батеријата и деталите за 
користењето. Се прикажува кои компоненти и апликации најмногу ја трошат батеријата. 
Допрете еден од записите за да погледнете подетални информации.
Процент на батеријата на статусната лента – Штиклирајте за приказ на процентот на 
наполнетост на батеријата, на статусната лента покрај иконата за батерија.
ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Допрете го преклопникот за Заштеда на енергија за префрлување помеѓу Вклучено или 
Исклучено. Допрете Заштеда на енергија за пристап до следните поставки:
Вклучи зачувувач на енергија – Поставување на процентот на наполнетост на батеријата 
при кој автоматски ќе се вклучи Заштеда на енергија. Изберете помеѓу Веднаш, 10% 
батерија, 20% батерија, 30% батерија и 50% батерија. 
Помош – Допрете за да погледнете информации за совети за заштеда на енергија.
< Апликации >
Прегледување и управување со апликациите.
< Сметки и синхронизација >
На апликациите им дозволува да ги синхронизираат податоците во заднина, без разлика 
дали вие активно работите со нив. Ако ја отштиклирате оваа поставка ќе можете да 
ја заштедите батеријата и да го намалите (но не и да го елиминирате) користењето на 
податоци.
< Режим на гостин >
За да ја заштитите приватноста или да ограничите некои апликации за вашите деца, 
можете да го користите режимот на гостин.
Кога ќе го позајмите вашиот телефон на други лица, можете да ги ограничите апликациите 
кои ќе се прикажуваат. 
Поставете го режимот на гостин однапред и прилагодете ги опциите.