Руководство Пользователя для LG H650E

Скачать
Страница из 594
91
Поставки
од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот телефон ќе 
можат да се бираат само броевите од фиксната листа за бирање.
•  Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за 
дојдовен повик при користење на апликација.
•  Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата 
за одбивање на повик.
•  Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да 
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е корисно 
доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
•  Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога 
сакате да проследувате повици.
•  Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски 
одговор на поврзаниот hands-free уред за влезните повици.
•  Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе 
одговори на повикот.
•  Задушување на бучавата – Потиснување на бучавата од 
околината за време на повик.
•  Чистота на глас – Подобрување на квалитетот на говорот во 
бучни средини за да се постигне појасно слушање.
•  Зачувај непознати броеви – Ви овозможува да ги додавате 
непознатите броеви во контактите по повикот.
•  Копчето за вкл/иск исклучува повик– Ви овозможува да го 
користите копчето за напојување за да завршувате повици.
•  Одговорете на дојдовен повик – Штиклирајте за да овозможите 
автоматски одговор на дојдовен повик преку поставување на 
уредот до увото.
•  Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со 
превртување на уредот да се исклучи звукот за дојдовни повици.
•  Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или 
меѓународни повици.