Руководство Пользователя для LG V10 - LG H960A

Скачать
Страница из 586
Поставки
96
32 битно HiFi DAC – Овозможете ја оваа функција за да го 
подобрите аудио квалитетот со поддржаните слушалки.
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци 
за известување. Исто така, можете и да додавате и да бришете 
звуци за известување.
Вибрирај на допир  Штиклирајте за вибрирање кога ги 
допирате копчињата на допир на почетниот екран и при 
одредени интеракции со корисничкиот интерфејс.
Звучни ефекти – Ова мени ви овозможува да изберете дали 
сакате да слушате тонови при допирање на броевите на 
тастатурата за бирање, кога бирате опции на екранот и многу 
повеќе од тоа.
Гласовни известувања за порака/повик – Му овозможува на 
уредот автоматско читање на дојдовните повици и пораки.
Поставки за Екран
Second screen
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Second 
screen.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, погледнете во 
Second screen во Функции кои ќе ви се допаднат.
Почетен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за почетниот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Почетен 
екран.
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетниот 
екран.
Smart Bulletin – Овозможете за да користите дополнителен 
почетен екран кој ќе прикажува прилагодени информации.
Тема – Ја поставува темата на екранот на вашиот уред. Можете 
да преземате нови теми од LG SmartWorld.