Справочник Пользователя для Samsung RSH5PTPN

Скачать
Страница из 192
22_
 
отстранување на проблеми
отстранување на проблеми
ПРОБЛЕМ
РЕШЕНИЕ
Ладилникот воопшто 
не работи или не лади 
доволно.
•  Проверете дали приклучокот за електрична енергија е правилно вклучен.
•  
Дали контролата на температурата на предната контролна табла е 
поставена на вистинската температура? Обидете се да поставите 
пониска температура.
•  Дали ладилникот е под директна сончева светлина или е поставен 
премногу блиску до извор на топлина?
•  Дали задниот дел од ладилникот е премногу блсику до ѕидот што 
попречува циркулација на воздух?
Храната во 
ладилникот е 
замрзната.
•  Дали контролата на температурата на предната контролна табла е 
поставена на вистинската температура? Обидете се да поставите 
повисока температура.
•  Дали температурата во собата е многу ниска?
•  Дали складиравте храна со голема содржина на вода во најладниот 
дел од ладилникот? Обидете се да ги поместите овие производи на 
друго место во ладилникот, наместо да ги чувате во фиоката Зона за 
одбрано ладење™.
Слушате 
невообичаена бучава 
или звуци.
•  Проверете дали ладилникот е нивелиран и стабилен.
•  Дали задниот дел од ладилникот е премногу блиску до ѕидот што 
попречува циркулација на воздух?
•  Дали паднале некои предмети позади или под ладилникот?
•  Звук на „отчукување“ може да се слушне од внатрешноста на 
ладилникот. Ова е нормално и се случува затоа што различните 
додатоци се собираат или шират во зависнот од температурата во 
внатрешноста на ладилникот.
Предните ќошеви на 
уредот се топли и 
почнува да се создава 
кондензација.
•  Некој вид на топлина е нормална бидејќи се инсталирани анти-
кондензатори на предните ќошеви на ладилникот за да се спречи 
кондензација.
•  Дали вратата на ладилникот е подотворена? Може да се појави 
кондензација доколку ја оставите вратата отворена подолго време.
Мразот не излегува.
•  Дали почекавте 12 часа по инсталацијата на цевката за  доводот за 
вода пред правење на мраз?
•  Дали цевката за вода е поврзана и вентилот за затворање отворен?
•  Дали рачно ја сопревте функцијата за правење мраз? Внимавајте Вид 
на мраз да е поставeн на Коцки или Кршен.
•  Дали има заглавен мраз во кофата за мраз?
•  Дали температурата на замрзнувачот е премногу топла? Обидете се 
да поставите пониска температура на замрзнувачот.
Слушате гргорење на 
вода во ладилникот.
•  Ова е нормално. Клокотот произлегува од течноста за разладување 
која циркулира низ ладилникот.
Има лоша миризба во 
ладилникот.
•  Дали храната е расипана?
•  Осигурете се дека храната која силно мириса (на пример риба) е 
завиткана и херметички затворена.
•  Чистете го ладилникот редовно и секогаш фрлајте ја расипаната или 
сомнителна храна.
Појавен е смрзнат 
слој на ѕидовите во 
внатрешноста на 
ладилникот.
•  Дали вентилот за воздух е заглавен? Отстранете ги сите препреки за 
да може воздухот слободно да циркулира.
•  Оставете доволно простор помеѓу складираната храна за ефикасна 
циркулација на воздух.
•  Дали вратата на замрзнувачот е прописно затворена?
Диспензерот за вода 
не работи.
•  Дали цевката за довод на вода е поврзана и вентилот за затворање отворен?
•  Дали цевката за довод за вода е скршена или свиткана?Внимавајте 
цевката за вода да биде слободна и исчистете ги сите препреки.
•  Дали резервоарот за вода е замрснат заради ниската температура на 
ладилникот?Обидете се да одберете потопло подесување на главниот 
екран.
DA99-02318R(0.3).indb   섹션3:22
DA99-02318R(0.3).indb   섹션3:22
2012.10.6   12:29:57 PM
2012.10.6   12:29:57 PM