Справочник Пользователя для Samsung SC07M25K0WN

Скачать
Страница из 264
Македонски 9
П
ОДГОТОВКА
ВНИМАНИЕ
При употреба
•  Не употребувајте ја цевката за ништо друго освен за нејзината намена.
 
Тоа може да резултира со повреда или оштетување.
•  Кога ќе го подигнете капакот на куќиштето на производот додека ја 
користите правосмукалката, безбедносниот систем ќе се активира и можно 
е да настанат промени во звукот при работа.
 
Звукот при работа може да се промени ако го држите капакот на 
куќиштето на производот додека ја користите правосмукалката, но 
кружната цевка во долниот дел на вреќичката за прав ќе го спречи 
истурањето на правта.
•  Не извлекувајте го кабелот за напојување преку жолтата ознака и држете го 
кабелот за напојување со една рака при намотувањето.
 
Ако се обидете да го извлечете преку жолтата ознака, кабелот за 
напојување може да се оштети, а ако не го држите кабелот за напојување 
при намотувањето, можете да ја изгубите контролата и да предизвикате 
повреда на луѓето или оштетување на предметите околу вас.
•  Доколку од правосмукалката доаѓаат невообичаени звуци, мириси или чад, 
веднаш исклучете го кабелот за напојување и обратете се кај сервисерот.
 
Постои опасност од пожар или струен удар.
•  Немојте да ја користите правосмукалката на места во близина на апарати за 
затоплување (како шпорет), запаливи спрејови или запаливи материјали.
 
Можно е да настане пожар или деформација на производот.
•  За најголема ефикасност, испразнете ја вреќичката за прав пред целосно 
да се наполни. 
Чистење и одржување
•  Извадете го кабелот за напојување на правосмукалката доколку не ја 
користите подолг временски период.
 
Можно е да настане електричен удар или пожар.
 
VC2500_13ge_00759B-00_GE.indb   9
2016-12-19   오후 5:57:56