Справочник Пользователя для Samsung Chladnička s mrazákem, 440 L RT43K6335SL Série RT6000
Македонски 47
Oтстранување на проблеми
Ако наидете на необични ситуации со фрижидерот, првин разгледајте ја табелата подолу и обидете се да ги
примените предлозите.
Oпшто
Симптом
Решение
Не работи или не лади.
• Погрижете се струјниот кабел да биде правилно поврзан.
• Погрижете се контролирањето на температурата да биде правилно
нагодено.
• Погрижете се да го чувате фрижидерот подалеку од директна сончева
светлина или извор на топлина. Во спротивно, тоа може да влијае на
фунцијата за ладење.
• Погрижете се фрижидерот да има доволно простор од задната страна и
страничните ѕидови или од кабинетот. Во спротивно, тоа може да влијае на
фунцијата за ладење.
• Преголемото количество на храна може да ја блокира вентилацијата на
фрижидерот. За фрижидерот да работи нормално, не ставајте премногу
храна внатре.
Храната во фрижидерот
замрзнува.
• Проверете дали контролирањето на температурата е нагодена на
најниската температура. Ако тоа е случај, променете ја температурата на
повисока или оптимална.
• Ова се случува ако температурата во просторијата е премногу ниска.
Поставете ја температурата на повисока.
• Проверете дали храната којашто содржи висок процент на вода е ставена
во најладниот дел од фрижидерот или во близина на вентилацијата
за ладење. Ако се случи ова, поместете ја храната на други полици во
фрижидерот.
Прави звуци.
• Погрижете се фрижидерот да биде инсталиран на стабилна, рамна
површина.
• Погрижете се фрижидерот да има доволно простор од задната страна и
страничните ѕидови или од кабинетот.
• Погрижете се да го држите фрижидерот подалеку од нечистотии или туѓи
предмети во внатрешноста или под фрижидерот.
• Од внатрешноста на фрижидерот се слуша звук на отчукување што
настанува кога различни отстранливи делови дојдат во контакт или се
прошират. Ова не значи дека системот е дефектен.
Предните агли и
страните станале топли и
настанала кондензација.
• За да спречите формирање на кондензација, фрижидерот има цевки
отпорни на топлина во предните агли. Ако температурата во просторијата
се зголеми, опремата може да не работи ефективно. Ова не значи дека
системот е дефектен.
• Може да дојде до кондензација на надворешната површина на фрижидерот
ако влажен воздух дојде во контакт со ладната површина на фрижидерот.
Oт
стр
анув
ање на проб
анув
ање на проб
ле
ми
Untitled-8 47
2016-03-24 6:52:34