Руководство По Работе для Panasonic KX-PRW110FX
Корисни информации
Идентификатор
48
Проблем
Причина/Решение
Информациите за
повикот не се
прикажуваат
• Најпрво мора да се претплатите на оваа услуга. Контак-
тирајте ја телефонската компанија за повеќе детали.
• Ако уредот е поврзан со дополнителна телефонска опре-
ма, исклучете го и поврзете го директно во влезот на ѕидот
• Ако користите DSL/ADSL услуги, ви порепорачуваме да
поврзете DSL/ADSL филтер меѓу базата и влезот за
телефонската линија. Контактирајте го DSL/ADSL
провајдерот за повеќе информации.
• Друга телефонска опрема може да го попречува уредот.
Исклучете ја другата опрема и обидете се повторно.
Информациите за
повикот бавно се
прикажуваат
• Во зависност од телефонската компанија, телефонот
може да ги прикаже информациите за повикот на
второто ѕвонење или подоцна. Подесете го првото
ѕвонење на “Off” (стр 23).
• Приближете се до базата.
Проблем
Причина/Решение
Се слуша шум, се
прекинуваат влезниот и
излезниот звук
• Телефонот или базата се користат во област со
електрични пречки. Преместете ја базата и користете го
телефонот подалеку од вакви пречки
• Доближете се до базата.
• Ако користи DSL/ADSL услуга, ви препорачуваме да
поврзете DSL/ADSL филтер меѓу базата и влезот за
телефонската линија. Контактирајте го DSL/ADSL
провајдерот за повеќе детали.
• Безжичната мрежа е преоптоварена. Кога користите па-
метен телефон за фиксни повици (стр.40), звукот може да
се прекине ако се пренесуваат повеќе податоци низ мре-
жата, како видеа, симнување или прикажување големи
содржини итн.
• Wi-Fi модот на базата е вклучен, а базата е преблиску
до безжичниот рутер. Исклучете го Wi-Fi модот (стр.41)
или разделете ги базата и рутерот.
• Вклучен е Wi-Fi модот, а во исто време користите и
Wi-Fi продолжувач на опсегот. Не го вклучувајте Wi-Fi
модот ако веќе имате Wi-Fi продолжувач на опсегот.
Квалитетот на звукот е
влошен
• Регистриран е телефон што не е препорачан (стр.4).
Најчист звук се добива со регистрирање на телефон
што е препорачан.
Телефонот не ѕвони
• Звукот е исклучен. Подесете го (стр. 15, 23).
• Вклучен е ноќниот мод. Исклучете го (стр.28).
Не може да се
воспостави повик
• Подесувањата за модот за вртење се погрешни. Променете
ги (стр.14).
• Сте се јавиле на забранет број (стр.31).
• Функцијата за заклучување е вклучена.Исклучете ја (стр 17)