LG H320 用户指南

下载
页码 508
12
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Доколку треба да ја замените батеријата, за да добиете помош
однесете ја кај најблискиот овластен сервис или продавач на LG
Electronics.
Секогаш извадете го полначот од ѕидниот приклучок откако
телефонот целосно ќе се наполни, за да избегнете непотребна
потрошувачка на енергија на полначот.
Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на мрежата,
поставките на производот, начинот на користење, како и состојбата на
батеријата и околината.
Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од животни или
нокти да не дојдат во контакт со батеријата. Ова може да предизвика
пожар.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за
отворен изворен код кој се користи кај овој производ, посетете ја страницата
http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени одредби на
лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на CD-ROM диск
за одреден надоместок кој го покрива трошокот за вршење на дистрибуцијата
(како трошокот за медиумот, испораката и ракувањето) по доставено e-mail
барање до opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна три (3) години од
датумот на купување на производот.