LG H320 用户指南

下载
页码 508
83
Поставки
< ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ >
Гестови
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со
превртување на телефонот да се исклучи звукот за влезни повици.
Одложи или стопирај аларм – Штиклирајте за да овозможите
со едноставно превртување на уредот да се одложи или запре
алармот.
Паузирај видео – Штиклирајте за да овозможите со едноставно
превртување на телефонот да се паузира видео записот кој се
репродуцира во моментот.
Помош – Допрете за да добиете информации за користењето на
функции со потези на вашиот уред.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја
подобрите прецизноста на закосувањето и брзината на сензорот.
< УПРАВУВАЊЕ СО УРЕД >
Датум и време
Поставете го начинот на кој ќе се прикажуваат датумот и времето.
Меморија
Можете да ја надгледувате искористената и достапната внатрешна
меморија на уредот.
Батерија
Употреба на батерија – Погледнете ја искористеноста на
батеријата.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте за приказ
на процентот на наполнетост на батеријата, на статусната лента
покрај иконата за батерија.
Заштеда на Енергија – Допрете го преклопникот за заштеда
на енергија за да го вклучите или исклучите. Поставување на
процентот на наполнетост на батеријата при кој автоматски ќе
се вклучи Заштеда на енергија. Изберете помеѓу Веднаш, 5% 
батерија и 15% батерија.