LG H650E 用户指南
28
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот
телефон.
• Допир – Со едно допирање со прст се избираат елементи,
линкови, кратенки и букви на тастатурата на екранот.
• Допрете и држите – Допрете и задржете елемент на екранот
преку допирање и неподигнување на прстот додека не се случи
одредено дејство.
• Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент
за момент и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го
по екранот додека не ја достигнете целната позиција. Можете да
повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
• Повлечи или лизгај – За да повлечете или лизгате, брзо движете
го вашиот прст по површината на екранот, без паузирање кога прв
пат ќе го допрете (така што не влечете икона наместо тоа).
• Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или
мапа.
• Стисни-за-зум – Употребете ги палецот и показалецот во
движење со стискање или ширење за да зумирате или одзумирате
при користење на пребарувачот, мапите или кога прегледувате
слики.
• Завртување на екранот – Кај многу апликации и менија,
ориентацијата на екранот се прилагодува на физичката
ориентација на уредот.
Вашиот почетен екран