Zanussi ZTK123 用户手册

下载
页码 60
восок треба да се измијат во топла вода со повеќе
детергент пред да се сушат во машината за сушење.
Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со гумена
подлога и облека или перници со подлошки од гумена
пена не смеат да се сушат во машината за сушење.
Омекнувачите за ткаенини или сличните производи
треба да се користат како што е определено во
упатството на омекнувачот.
Извадете ги сите предмети од џебовите, како на пример,
запалки и кибрит.
Не прекинувајте ја машината за сушење алишта пред
крајот на циклусот за сушење, освен ако сите алишта не
се извадат брзо од машината и не се распостелат за да
се испушти топлината.
Последниот дел од циклусот на машината за сушење е
без топлина (циклус за ладење) како гаранција дека
алиштата ќе бидат на температура што нема да ги
оштети.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот и откачете го
кабелот од штекерот за струја.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
МОНТАЖА
• Извадете ја целата амбалажа
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Не монтирајте го и не употребувајте го
апаратот онаму каде што температурата е
под 5°C или повисока од 35°C.
• Проверете дали подот на кој го монтирате
апаратот е рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
• Проверете дали има циркулација на воздух
меѓу апаратот и подот.
• Секогаш преместувајте го апаратот
вертикално.
• Задната површина на апаратот мора да се
постави кон ѕидот.
• Кога апаратот е поставен во неговата
постојана позиција, проверете дали е
целосно порамнет со помош на либела.
Ако не е, приспособете ги ногалките
додека не се порамни.
ПОВРЗУВАЊЕ СО СТРУЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
18