Zanussi ZGO65414BA 用户手册

下载
页码 48
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на површина за готвење со маст или масло
без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на површината
за готвење бидејќи може да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од струен удар.
Во случај на кршење на стаклото на жешката рингла:
веднаш исклучете ги сите пламеници и грејниот
елемент и изолирајте го апаратот од довод на
електрична енергија,
не ја допирајте површината на апаратот,
не користете го апаратот.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Кога апаратот е директно приклучен на електрично
напојување, има потреба од четири-полен изолиран
прекинувач со спојница. Комплетно исклучување во
согласност со условите наведени во категоријата за
прекумерна волтажа III мора да биде загарантирано.
Кабелот за заземјување не подлежи на ова.
Кога ќе го поврзувате кабелот внимавајте кабелот да не
доаѓа во директен контакт (на пример користење на
заштитна изолација) со делови кои достигнуваат
температури поголеми за 50°C од собната температура.
18
www.zanussi.com