Samsung Galaxy Tab A 9.7 SM-T 550 16 Gb черный 用户手册

下载
页码 729
Македонски 
429
Информации за 
безбедност
Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие 
важни информации за безбедност. Тоа се општи информации за 
безбедност за уреди и може да вклучуваат содржина што не важи 
за Вашиот уред. Почитувајте ги предупредувачките информации 
и информациите за внимание за да спречите лична повреда или 
повреда на други и за да спречите оштетување на Вашиот уред.
Изразот „уред“ се однесува на производот и неговата 
батерија, полнач, деловите снабдени со мобилниот уред 
и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со 
производот.
Предупредување
Доколку не се придржувате до безбедносните 
предупредувања и прописи, може да настанат 
сериозни повреди или смрт
Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни 
кабли или лабави приклучоци
Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар.
Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце и не исклучувајте го 
полначот со влечење на кабелот
Во спротивно може да дојде до електричен удар.
Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот кабел
Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.