Samsung MC28H5135CK 用户手册

下载
页码 320
Македонски - 14
прОверКа даЛи пеЧКата рабОти исправнО
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата 
микробранова печка работи исправно. Доколку се сомневате, погледнете во 
поглавјето "Отстранување на проблеми" на страница 38-39.
Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора 
да биде поставена во печката. Доколку не се користи максималното ниво 
на јачина (100 % - 900 W), ќе биде потребно подолго време за зовривање на 
водата.
Отворете ја вратата од печката со повлекување на рачката од десната страна.
Поставете чаша со вода на плочата. Затворете ја вратата.
Притиснете копчето START/+30s (активирање/+30s) и 
поставете го времето на 4 или 5 минути, со притиснување 
на копчето START/+30s (активирање/+30s) соодветен 
број пати.
резултат:   Печката ја загрева водата 4 или 5 минути. 
Потоа водата треба да зоврие.
пОставување на вреМетО
Кога напојувањето е вклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже "88:88", а 
потоа "12:00".
Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде прикажано 
во 24-часовен или 12-часовен формат. Часовникот мора да го поставите:
•  Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка
•  По прекин на напојувањето
Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно во зимско 
пресметување на времето и обратно.
1.  Притиснете го повеќефункционално вртливо копче 
за избирање.
2.  Завртете го повеќефункционално вртливо копче за 
избирање за да го поставите начинот на прикажување 
на времето. (12 часа или 24 часа)
3.  Притиснете го повеќефункционално вртливо копче 
за избирање за да завршите со поставувањето.
4.  Завртете го повеќефункционално вртливо копче за 
избирање за да го поставите часот.
5.  Притиснете го повеќефункционално вртливо копче 
за избирање.
6.  Завртете го повеќефункционално вртливо копче за 
избирање за да ги поставите минутите.
7.  Кога ќе се прикаже точното време, притиснете го 
повеќефункционално вртливо копче за избирање за 
да го активирате часовникот.
резултат:  Времето се прикажува секогаш кога не ја 
користите микробрановата печка.
гОтвење/пОдгревање
Следната процедура објаснува како да готвите или подгревате храна.
СЕКОГАШ проверувајте ги поставените параметри пред да ја оставите печката 
без надзор.
Отворете ја вратата. Поставете ја храната на средина од плочата. Затворете ја 
вратата. Никогаш не вклучувајте ја печката кога е празна.
1.  Притиснете го копчето Microwave (Микробранови).
резултат:  Се прикажува следното:
  (режим на микробранови)
2.  Вртете го повеќефункционално вртливо копче за 
избирање сè додека не се прикаже соодветното ниво на 
јачина кое ви одговара. 
Тогаш, притиснете го повеќефункционално вртливо 
копче за избирање за да го поставите нивото на јачина.
•  Ако не го поставите нивото на јачина во рок од 
5 секунди, тоа автоматски ќе се промени според 
поставеното време на готвење.
MC28H5135CK_OL_DE68-04245F_MK.indd   14
2013-12-20   �� 12:50:07