Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Пристапност
167
Користење на копчето Дома за отворање на 
менијата за пристапност
Можете да пристапите во следните менија за пристапност со брзо притискање на Копчето 
Дома три пати.
• 
Пристапност
• 
TalkBack
• 
Негативни бои
• 
Контрола на интеракција
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → УРЕД → Пристапност, и потоа 
допрете го копчето Директен пристап за да го активирате. Потоа, изберете едно мени за 
пристапност што сакате да ги отворите со брзо притискање на копчето Дома три пати.
Ако изберете повеќе од едно мени, уредот ќе прикаже скокачки прозорец во кој ќе бидете 
прашани кое мени да се употребува секој пат кога брзо ќе го притиснете три пати копчето 
Дома. За да ја вклучите 
Контрола на интеракција на менијата за пристапност, активирајте 
ја одликата. На екранот со апликации, допрете Нагодувања → УРЕД → Пристапност → 
Подвижност и интеракција, и потоа допрете го копчето Контрола на интеракција за да го 
активирате.
Говорни повратни информации (TalkBack)
Активирање или деактивирање на TalkBack
Кога ја активирате TalkBack, уредот го чита на глас текстот на екранот или избраните одлики. 
Оваа одлика е корисна ако имате тешкотии со гледањето на екранот.
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → УРЕД → Пристапност → Вид → 
TalkBack.
Допрете го копчето во горниот дел на екранот за да ја активирате.
За да ја деактивирате TalkBack, допрете го копчето во горниот дел на екранот и допрете 
брзо два пати каде и да е на екранот.
Допрете OK.
За да ја деактивирате TalkBack, допрете OK и потоа допрете брзо два пати каде било на 
екранот.