Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Пристапност
182
Мени за помошник
Прикажување на иконата на помошна кратенка
Поставете уредот да ја прикажува иконата на помошната кратенка. Можете да ја користите 
иконата за да пристапите во апликации, одлики и нагодувања со допирање на помошните 
менија на иконата. Контролирајте го уредот со допирање на помошните менија во иконата 
без истражување на екранот. Кога стартува оваа одлика, се активира Режим со еден допир.
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → УРЕД → Пристапност → 
Подвижност и интеракција.
Допрете го копчето Мени за помошник за активирање.
Иконата на помошната кратенка се појавува во десниот дел на екранот.
Допрете Мени за помошник → Доминантна рака за да ја пренесете иконата на 
помошната кратенка на згодна локација.
Пристап до помошните менија
Иконата на помошните менија се појавува како лебдечка икона за да пружа лесен пристап 
во помошните менија од кој било екран.
Кога ја допирате иконата на помошните менија, иконата ќе се зголеми незначително и на 
иконата ќе се појават помошните менија. Допрете ја стрелката за горе или за долу за да 
одите во други панели или лизгајте го екранот нагоре или надолу за да изберете други 
менија.