Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Движења и корисни одлики
44
Комплет алати
Лесно можете да стартувате разни апликации од алатникот додека користите други 
апликации.
На екранот со апликации, допрете 
Нагодувања → УРЕД → Комплет алати, и потоа 
допрете го копчето Комплет алати за да го активирате. Алтернативно, отворете го панелот 
за брзо нагодување и допрете Комплет алати за да го активирате.   се појавува на екранот.
За да стартувате една апликација, допрете   и изберете една апликација.
За преместување на алатникот, допрете и задржете  , и потоа одвлечете го на друга 
локација.
За да ги измените апликациите во алатникот, задржете допрено  , и потоа одвлечете го во 
Изм.
За да го скриете алатникот, задржете допрено  , и потоа одвлечете го во Отстрани.
Зголемување на чувствителноста на екран 
на допир
Користете ја оваа одлика за да ракувате со екранот кога носите ракавици.
На екранот со апликации, допрете 
Нагодувања → УРЕД → Екран, и потоа штиклирајте 
Зголеми допирна чувств. Алтернативно, отворете го панелот за брзо нагодување и допрете 
Допирна чувств. за да ја активирате.
• 
Користете кожени ракавици за подобро препознавање на Вашите допири врз 
екранот. Другите видови материјали може да не бидат препознати.
• 
За најдобри резултати, допрете го екранот цврсто додека носите ракавици.